Македонскит интернационалец Даниел Андоновски продолжува со одлична форма во неговиот прв интернационален предизвик.
Андоновски и екипата на Трст во натпревар од 17. коло од италијанскиот шампионат славеа на домашен терен против Карпи со 32:27.
Охриѓанецот повторно имаше блескаво издание и беше најефикасен на натпреварот, постигна девет погодоци и подели неколку асистенции кон своите колеги.
За Трст победата над Карпи беше важна, бидејќи со новите освоени бодови ги зголеми шансите да обезбеди опстанок во најсилното натпреварување во Италија.
Следен предизвик за Андоновски и Трст ќе биде незгодното гостување кај екипата на Албатро.