Европскиот првак со пеколен втор дел ја среди Висла Плоцк

Иако имаше негатива по првиот дел, европскиот првак Магдебург на крајот славеше убедливо со 28-22 против Висла Плоцк.

Во натпреварот од 11 рунда во Лигата на шампионите, полскиот вицепрвак водеше на паузата со 14-13, но слабиот втор дел го расипа впечатокот.

Клар и Мертенс поведоа серија од четири гола на стартот на второто полувреме и Магдебург веќе беше на 17-14, па до крајот беше полесно.

Избраниците на Бенет Вигерт рутински го одработија остатокот од натпреварот и на крајот запишаа важна победа во битката за директно место во четвртфиналето.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Хорнке и Мертенс со по шест гола, а кај Висла Плоцк се истакнаа Лучин даде осум погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА761013
2ПИК СЕГЕД850310
3НАНТ84139
4АЛБОРГ84139
5КЕЛЦЕ83056
6КОЛСТАД83056
7МАГДЕБУРГ72145
8ППД ЗАГРЕБ82064