Загубија по серија од 46 победи на домашна сцена!

Во натпревар од 16. коло од најквалитетното натпреварување во Полска се сретнаа екипите на Заглебје и Лублин.

Екипата на Заглебје, која освен на домашна сцена учествува и во Лигата на шампионите, доживеа пораз од 32:31.

Актуелниот бранител на титулата пред поразот имаше 46 победи во низа и беше неприкосновен дома.

На првиот меѓусебен дуел, кој беше одигран во месец октомври минатата година, тимот на Заглебје триумфираше со 27:24.

Заглебје ја задржа лидерската позиција на табелата, на свое конто има 46 бодови, на второто место е Кобержице на Зорица Десподовска со 41, додека Лублин има 40 бодови.