Монпелје го потврди местото во осминафинале и го остави Целје на нула

Францускиот Монпелје го совлада словенечкиот Целје со убедливи 11 гола разлика, 32-21 и со освоените 12 бода го потврди место во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Избраниците на Патрис Канаје немаа проблеми против Целје, кој ослабен гостуваше во Франција и можат мирно да ги дочекаат последните три кола од групната фаза, односно да се борат за повисока стартна позиција.

Целје остана на нула бодови и по 11 натпревари, но словенечкиот првак има поголеми грижи околу играчкиот кадар,  кој се повеќе се намалува по заминувањето на Иванковиќ, и околу борбата за титулата во Словенија каде предничат Горење и Тримо.

Монпелје одработи рутински, особено во второто полувреме откако им снема сили на гостите. Тие парираа до 8-8 во првите петнаесетина минути, а потоа домашните нагазија и уште по првиот дел обезбедија водство од пет гола разлика.

Тоа го одржуваа, па и зголемија во вториот дел за заслужена победа во која најмногу се истакнаа Порт со шест, како и Паниќ и Лен со по четири гола, а голманот Дебоне имаше 12 одбрани. Во редовите на словенечкиот првак, Јанц постигна четири погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА761013
2ПИК СЕГЕД850310
3НАНТ84139
4АЛБОРГ84139
5КЕЛЦЕ83056
6КОЛСТАД83056
7МАГДЕБУРГ72145
8ППД ЗАГРЕБ82064