Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува натпреварот од 11 коло во Лигата на шампионите оваа сезона.
Сите билети за двобојот со францускиот првак ПСЖ се веќе продадени и тимот на Раул Гонзалес го чекаат полни трибини.
По дуелот со Вардар од македонското првенство, само три дена потоа, битолчани ќе имаат можност да видат уште еден натпревар од висок квалитет.
Иако битолчани немаат шанси за место во осминафиналето, сепак мотивот е на високо ниво и се очекува уште една добра партија на избраниците на Бранко Ангеловски.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ се игра утре во „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.