Екипите на АЕК Атина и ПАОК Солун, каде што играат три македонски интернационалки запишаа нови победи во грчкиот шампионат.
АЕК Атина на Драгана Петковска и Марија Николовска славеше на гостувањето кај Атинаикос со 24-23.
ПАОК Солун на Александра Боризовска победи на незгодното гостување кај составот на Пилаја со 30-28.
Боризовска беше меѓу најдобрите стрелци во победничкиот тим и успеа да постигне четири погодоци.