- Десниот бек на шпанската репрентација, Иманол Гарсиандиа, се договори за нова соработка со унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед и ќе остане во неговиот актуелен клуб најмалку до 2026 година.
- Египетскиот репрезентативец Мохамед Мамду, во продолжение од сезоната ќе ги брани боите на францускиот тим Саран. Oва за Мамду ќе биде камбек во Франција, каде играше за Монпелје до 2019, пред да замине во Динамо Букурешт.
- Тимот на ПАОК Солун, каде што брани македонскиот голман Виктор Гигов, се засили со тројца ракометари. Во тимот пристигна екс пелистерецот Табанге Черубин, репрезентативец на Габон, кој играше во Битола пред пет сезони. Покрај Черубин, ПАОК се засили со младиот летонски лев бек Робертс Расанс, кој дојде од шпанската Анаитасуна, како и украинскиот лев бек Олександар Тјукин, кој дојде од турскиот Нилуфер Бурса.
- Хрватската легенда Ивано Балиќ се врати во родниот Сплит и ќе работи во стручниот штаб на неговиот матичен клуб. Во 1998 година, Балиќ со Сплит стигна до финалето на Купот на ЕХФ.
- Голманот на Веспрем, Игнасио Биоска, од следната сезона ќе го брани голот на францускиот Нант. Шпанецот кој претходно играше за Адемар Леон, Кадетен Шафхаузен и Висла Плоцк, потпиша договор до 2027 година.