ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Нови предизвици за дел од македонските интернационалци

На денешната ракометна програма нема да има многу натпревари, ќе се игра само во неколку земји во Европа.

Во рамки од Бундес лигата ќе има два натпревари, најпрво од 19:00 часот ќе играат Ерланген и Лемго, потоа со почеток од 20:30 часот ќе се судрат Фуксе Берлин и Фленсбург.

Двете екипи се во игра за шампионската титула, но Фуксе Берлин со евентуална победа ќе направи голем исчекор.

Свој настап со своите екипи ќе имаат четири репрезентативки на Македонија, Сара Ристовска, Андреа Седлоска, Ивана Гакидова и Елена Ѓорѓиевска.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

16:30 БУЗАУ – ВАЛЧЕА (РОМАНИЈА)
17:30 ЦСКА – ЧЕРНОМОРОЧКА (РУСИЈА)
18:00 БЕКЕШЧАБА – ЃЕР (УНГАРИЈА)
18:00 ТАПА – ТАЛИН (ДАНСКА)
19:00 ЕРЛАНГЕН – ЛЕМГО (БУНДЕС)
19:00 ХАМАРБИ – СКОВДЕ (ШВЕДСКА)
19:00 СКАРА – ХАЛБИ (ШВЕДСКА)
19:30 ЛОКОМОТИВА – ОСИЈЕК (ХРВАТСКА)
20:00 ХОЛСТЕБРО – СКЈЕРН (ДАНСКА)
20:30 ФУКСЕ – ФЛЕНСБУРГ (БУНДЕС)
20:30 СЕСОН – НИМ (ФРАНЦИЈА)