Тимот на Кобержице, каде што игра македонската интернационалка Зорица Десподовска, забележа петта победа по ред.
Кобержице славеше на гостувањето кај составот на Гњезно со 33-29, откако и на полувремето имаа плус четири, 17-13.
Десподовска беше втор стрелец во победничката екипа и успеа да постигне шест погодоци во мрежата на домаќинките.
Кобержице сега има 35 бода и се наоѓа на делба на втората позиција со тимот на Лублин, додека лидер е Заглебје Лубин со 42 бода и максимален биланс.
Десподовска и нејзиниот тим во следното коло на домашен терен ќе играат со Кожалин и ќе имаат можност да ја продолжат победничката серија.