Светскиот шампион Данска ја продолжи победничката серијата на Европското првенство во Германија и славеше против европскиот првак Шведска во соседското дерби со….
Во првиот дел немаше многу голмански одбрани на Ландин и Паличка, па Јакобсен и Солберг ги пуштија на теренот Нилсен и Тулин. Швеѓаните немаа добра реализација во првиот дел, па Данска предводена од Гидсел имаше четири плус, 16-12.
Во финишот на полувремето, европските шампиони се вратија во игра и намалија на 17-15. Во вториот дел предноста на Данците се движеше од еден до три гола, се до 55 минута.
Тогаш Данска ја врати највисоката предност од четири погодоци, 28-24. Но Шведска не планираше да се откаже од бодовите на овој натпревар и успеа да се одбрани четири напади по ред.
Паличка беше солиден на голот, Ване казнуваше во напад и Шведска во последните две минути намали на 28-27. Лагергрен имаше ситуација за израмнувачки гол, но Нилсен му одбрани.
Данска влезе во последен напад, изнуди исклучување на Дарј, а до позиција за шут стигна Ландин, кој погоди за 29-27. Овој гол внесе конфузија меѓу судиите, двете клупи, па се прегледуваше ВАР за престап.
Времето беше вратено назад, голот не беше признат и Шведска имаше 17 секунди за реми. Бергендал шутираше, погоди, но и тој гол беше поништен поради престап, па данската радост можеше да почне.
Најдобри стрелци во победничката репрезентација беа Гидсел со десет гола и Хансен со пет погодоци, додека кај Швеѓаните се истакнаа Ване со девет и Лагергрен со шест гола.