Со триумфот над Швајцарија со 29-27, машката репрезентација на Македонија го заврши настапот на Европското првенство во Германија на 17 место.
Македонија освен со Швајцарија во групната фаза, играше и со репрезентациите на Франција и Германија.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одбра петте најубави голови на „црвено-жолтите“ на континенталниот собир.
Избраниците на Кире Лазаров на сите три дуели имаа неколку атрактивни голови, а на првото место се најде цепелинот на вчерашниот дуел со Швајцарија.