Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше официјалните лица за утрешните натпревари на Европското првенство во Германија.
Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов утре ќе ја имаат првата задача на континенталниот собир.
Начевски и Николов ќе ја ја делат правдата на натпреварот од групата Д помеѓу Словенија и Полска.
Овој натпревар ќе биде одигран во рамки од второто коло од групната фаза, а ќе започне со почеток од 18:00 часот.
Словенија во првото коло славеше над Фарски Острови, додека Полска загуби од Норвешка.