Репрезентацијата на Јапонија со победа го започна настапот на Азискиот шампионат во Бахреин, откако во првото коло беше подобра од Саудиска Арабија со 29:25.
Јапонија до победата дојде со подобрата игра во последниот период од натпреварот, на пауза резултатот беше 13:13.
Одлична партија во победничката репрезентација имаше средниот бек на Вардар, Косуке Јасухира, кој постигна шест погодоци и имаше три асистенции.
Во составот на Јапонија беше и новото засилување на Охрид, Хироки Мацуока, но не доби минутажа на првиот дуел.
Најдобрите четири репрезентации од Азискиот шампионат ќе се пласираат на Мундијалот следната година во Данска, Норвешка и Хрватска.