Машката репрезентација на Македонија во овие моменти го игра првиот натпревар на Европското првенство во Германија.
Избраниците на Кире Лазаров за ривал во првото коло од континенталниот собир ја имаат силната Франција.
Македонија натпреварот со „триколорите“ го игра на „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф.
Химната на Македонија пред 50.000 навивачи одекна со многу емоции од страна на ракометарите, кои ќе сакаат да се покажат во најдобро светло против Карабатиќ и друштвото.