Македонската Супер лига има 20 претставници на ЕП!

Утре стартува Европското првенство во Германија, а од македонскиот шампионат на континенталниот собир ќе играат 20 ракометари.

Разбирливо, 15 од нив се во дресот на Македонија, по двајца во Србија и Словенија, и еден во Грузија.

За Македонија од оние што играат во Супер лигата на ЕП се Кизиќ, Томовски, Атанасијевиќ, Костески, Пешевски, Маркоски, Омерагиќ, Лазаревски, Кузмановски, Ѓорѓиев, Митев, Џонов, Савревски, Јагуриновски и Велковски.

За Србија ќе настапат Урош Борзаш и Богдан Радивојевиќ, за Словенија – Нејце Цехте и Урбан Лесјак, додека за Грузија игра Теимураз Орјоникидзе.

Најмногу репрезентативци на ЕП има шампионот Еурофарм Пелистер – девет (Македонија 5, Србија 2, Словенија 2), потоа „сино-белиот“ тим од Автокоманда има седум (Македонија 7), Вардар е претставен од тројца репрезентативци (Македонија 3) и Охрид има еден репрезентативец (Грузија 1).

Дополнително на оваа листа има уште четворица ракометари – Ани Обина од Тиквеш, Косуке Јасухира од Вардар, Хироки Мацуока од Охрид и Калифа Гедбан од Еурофарм Пелистер, кои ќе настапат на Азиското, односно Африканското првенство.

Четворица „Македонци“ на Африканското и Азиското првенство