Македонскиот шампион во женска конкуренција, тимот на Ѓорче Петров, утре против чешкиот Хазена Кинжварт го игра првиот дуел од осминафиналето во Европскиот Куп.
Раководството на Ѓорче Петров одлучи влезот за натпреварот со незгодниот ривал од Чешка да биде слободен, со цел клубот да има голема поддршка од трибините и пред реванш средбата да оствари поволен резултат.
Победа на „лавиците“ би значело и поголема психолошка предност на реваншот, но и зголемување на самодовербата.
Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Хазена Кинжварт ќе се одигра со почеток од 18:00 часот во спортската сала „Автокоманда“.
Победникот од овој двомечот ќе се пласира во ТОП 8 во третото по ранг европско клупско натпреварување.