Селекторот на Франција, Гијом Жил, по двете пријателски средби го одреди конечниот список на патници за ЕП во Германија.
Жил се откажа од услугите на двајцата ракометари на Нант – левиот бек Тибо Брие и средниот бек Ајмерик Мин.
По малата повреда на десното крило Јанис Лен, Жил не сакаше да ризикува и упати дополнителен повика за Беноа Конку од Келце.
Жил сега има на располагање 19 ракометари, а сите до еден играат во клубови од Лигата на шампионите.
Французите имаа две проверки пред ЕП и ги совладаа Тунис со 35-26 и Бразил со 37-28 на турнирот на кој беа домаќини.
Франција денеска патува за Германија и ќе има ден повеќе од нашата селекција за аклиматизација. Дуелот меѓу Македонија и Франција се игра на 10 јануари на „Мерку Шпил Арена“ од 18:00 часот.