Селекцијата на Црна Гора со три порази од Македонија, Словенија и Хрватска го заврши подготвителниот период пред ЕП во Германија.
Селекторот Владо Шола не можеше да смета на Мирко Радовиќ и Лука Радовиќ, па мораше да комбинира на десната крилна позиција на последниот дуел со Словенија, кој Црна Гора го загуби со 37-32.
Тој вели дека сега има јасна слика на кој колку може да смета на претстојниот шампионат.
„Игравме тешки натпревари против Хрватска и Словенија, малку се собра умор, а игравме и без десно крило. Тоа е голем хендикеп против силна селекција како Словенија. Секоја наша грешка беше казнета. Сега имам многу појасна слика кој колку може и кои играчи ќе ја ‘носат’ екипата на ЕП. Се радувам што добивме ширина на тројка и четворка во одбраната. Тоа можеби е најважното прашање кое го имавме пред нас. Сега имам грижи кои бекови ќе играат. Видовме кој колку може и како се однесува. Нема премногу време, но ќе се трудиме да го поправиме тоа што лошо го правевме“, вели Шола
Црна Гора е во група со Исланд, Србија и Унгарија на ЕП.