Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија изрече казна за ракометарката на Вардар, Симона Василева.
Василева доби црвен картон по три исклучувања на мечот против Спартак кои ги доби во второто полувреме за само десетина минути.
По пријавата од страна на судиите Блаже Михајлов и Ѓорѓи Василевски, дисциплинците одредија казна според членот 114 од правилникот на македонската куќа на ракометот.
Таа веќе одлежа два натпревари од суспензијата и не беше во ростерот на Вардар против Деспина дома и Ѓорче Петров на гостински терен.
Василева нема да му биде на располагање на тренерот Александар Царчев уште на три натпревари во пролетниот дел од сезоната – против Чаир, Скопје и Овче Поле СУ.
Вардар ја заврши полусезоната на петтото место со 28 бодови, односно девет победи, едно реми и три порази на 13 натпревари.