- Голманот на Рајн Некар, Јоел Бирлем, ќе си замине од тимот на „лавовите“ и во следната сезона ќе настапува за Хановер. Бирлем во Рајн Некар пристигна од Лајпциг на почетокот на 2022 година. Иако клубот од Манхјам го сметаше Бирлем како голем потенцијал, сепак, двете страни се договорија спогодбено да го раскинат договорот и секој да си продолжи по својот пат.
- Актуелниот шампион на Србија, Војводина, успеа да ја продолжи соработката со левиот бек Миљан Пушица. Искусниот ракометар, кој во клубот од Нови Сад направи камбек на крајот од 2022 година, важи за еден од најдобрите дефанзивци во најсилното натпреварување во Србија. Пушица во Војводина ќе остане најмалку до 2026 година.
- Српскиот интернационалец Урош Тодоровиќ одлучи да го напушти Балинген и да се пресели во Израел. 24-годишниот десен бек во продолжението од сезоната ќе настапува за Хапоел Ашдод. Поранешниот младински репрезентативец на Србија во израелскиот суперлигаш ќе настапува игра заедно со неговите сонародните Филип Грубор и Александар Бабиќ.
- Десното крило Рамус Нилсен е новиот ракометар во Данкерк, откако клубот остана без услугите на италијанецот Умерто Бронзо. Нилсен потекнува од школата на ГОГ Гудбе и со данскиот клуб во сезона 2008/09 го имаше првото и последно учество во Лигата на шампионите. Данкерк на позицијата десно крило го има на располагање уште Флоријан Биланд.
- Повремениот репрезентативец на Бразил, Матеус Да Силва, остана верен на Бидасоа Ирун и во шпанскиот клуб ќе настапува до 2025 година. Бразилецот е член на Бидасоа Ирун од сезона 2021/22. Во неговата досегашна кариера во амбициозниот клуб одигра 175 официјални натпревари и успеа да постигне 81 гол.