Репрезентацијата на БиХ на Европското првенство 2024 во Германија ќе го има третиот настап во низа на континенталните собири.
Босанската репрезентација беше дел од Европското првенство во 2020 и 2023, но не успеа да постигне забележителни резултати.
Селекторот на БиХ Ирфан Смајлагиќ, ги истакна своите очекувања пред настапот на Европското првенство во јануари.
,,Сè e многу брзо за да се создаде една хомогена атмосфера. Но, ќе се прилагодиме, како и сите други. Имаме прилично турбулентен период зад нас. Направивме избор на играчи кои се многу мотивирани да дадат повеќе отколку што можат. Заложбата на играчите да дадат сѐ од себе, да одат до границите на своите можности е многу важна, тоа е единствената гаранција за успех. Секоја победа би била некаков напредок. Имаме тешка група, но реално нема лесен ривал во Европа”, изјави Смајлагиќ.
Босанскиот селектор даде свое видување и за групата во која се наоѓа неговата репрезентација.
,,Ја имаме Шведска, која е петкратен светски шампион. Немаме талентирана генерација, туку колекција на играчи. Холандија постигна голем напредок во последните години. Ниту треба да се потценуваме, ниту да се преценуваме. Холанѓаните имаат континуитет, што ние го немаме. Не сме толку талентирани како што мислат луѓето. Ќе играме со сите, но мора да бидеме реални. Ако никогаш не играме со Шведска, нема да знаеме дали можеме да ја победиме”, заврши Смајлагиќ.
БиХ за прв ривал ќе ја има репрезентацијата на Шведска, потоа ќе следуваат дуелите со Холандија и дебитантот Грузија.