Цело е кога има се: Капитенот Никола Митревски и се приклучи на репрезентацијата

Машката репрезентација на Македонија од денеска работи комплетна на тренинзите по приклучувањето на капитенот Никола Митревски.

Чуварот на мрежата последен заврши со клупските обврски, па доби уште два слободни дена од селекторот.

Митревски веќе е во базата во Стара Пазова, па селекторот може да работи со сите 19 ракометари на кои смета за подготовките.

Македонија ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Црна Гора на 29 декември, а на 4 и 5 јануари следуваат пресметките со јужниот сосед.

Нашата репрезентација е во група со Германија, Франција и Швајцарија, а првата средба ја игра на 10 јануари.