Овче Поле СУ без проблеми до три бода против Гевгелија

Тимот на Ѓорче Петров во 13. коло, кое е последно за првиот дел од сезоната во Женската лига, немаше проблеми против Гевгелија, триумфираше со 22:15.

На овој натпревар сѐ беше решено уште во првото полувреме, во кое домаќинките победата ја најавија кога поведоа со 8:1.

Тимот на Бојкова вториот гол го постигна дури во 20 минута и до крајот на полувремето додаде уште еден.

Избраничките на Илија Бетувски на пауза имаа предност од 13:3 и со исто темпо продолжија и во вториот дел.

Најефикасни во победничката екипа беа Наталија Манева и Јована Конева со по седум погодоци, додека кај Гевгелија прв стрелец со седум погодоци беше Елена Димова.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080