Тимот на Куманово го донесе четвртото засилување пред пролетниот дел од сезоната во Супер лигата и борбата за опстанок.
Станува збор за црногорскиот лев бек Алекса Радичевиќ, (25/202/105), кој доаѓа од српскиот тим Пролетер Зрењанин.
Радичевиќ потекнува од Беране и тоа е единствениот тим за кој има играно во татковината, додека понатаму кариерата го води во Србија, Босна и Херцеговина, Грција и Португалија.
Тој има настапувано за Војводина, со која го освои Купот на Србија во 2018 година, потоа во Слога Пожега, Нова Варош и Лозница.
Во Босна и Херцеговина играше за Грачаница, во Грција за Зафириакис, а беше дел и од португалскиот Белененсес.
Претходно Кумановци го договорија Вучко Мрвовиќ, кој е повратник во тимот, средниот бек Михајло Стевовиќ и десниот бек Милош Благојевиќ.