Тимот на Пролет за вториот дел од тековната сезона ќе биде посилен со младиот Христијан Петковски.
Станува збор за 19-годишен ракометар кој настапува на позицијата десен бек, а во таборот на Пролет доаѓа од редовите на Мулти Есенс.
Овој перспективен млад играч ќе тренира со првата екипа и ќе се обиде да се наметне кај тренерот Александар Јовиќ за настап на натпреварите во вториот дел од сезоната, во кој Пролет ќе биде дел од плеј-ф фазата.
За тимот на Пролет настапува братот на Христијан, Андреј Петковски, кој неколку години наназад ја чува мрежата на еден од најстарите македонски клубови.
Пролет во разигрувањето за титулата ќе стартува без бодови, бидејќи во групата Б заврши на 4. позиција.