Трансфер бомба во Шведска – Екберг се враќа во матичниот клуб!

612

Искусниот Никлас Екберг, кој 13 сезони настапува за германскиот првак Кил, одлучи да се врати во својата татковина.

34-годишниот ракометар пред извесен период најави повлекување од репрезентацијата и веќе тогаш беше јасно дека планира да ја доигра последната сезона во дресот на „зебрите“.

Екберг на лето од Кил ќе се врати во Шведска и ќе ги засили редовите на Иштад. Раководството на Иштад и Екберг се договорија на соработка со важност од три сезони.

Ова е втор голем трансфер во поновата историја на Иштад, по оној на легендарниот Ким Андерсон.

Десното крило, кое има постигнато најмногу погодоци во дресот на Кил, вкупно 1.653, речиси 15 години настапуваше за шведската репрезентација.

Со Кил во сезона 2019/20 го освои својот прв златен медал во Лигата на шампионите.