Изминатиот викенд се комплетираше 8. коло од пионерската лига во машка конкуренција, каде беа одиграни голем број на натпревари.
Во група А, лидерот на табелата Охрид славеше во дербито со Динг со убедливи 30-16. Најефикасен кај Охрид беше Матео Силјаноски со шест гола, додека кај Динг најефикасен беше Готфрит Стефановиќ со седум гола.
Струга со цел плен се враќа од гостувањето кај Вардар, откако триумфираше со високи 38-15. Најефикасен кај Струга беше Војо Клењоски со девет гола, додека по три погодоци кај Вардар постигнаа Никола Атанасовски и Јаков Атанасовски.
Мулти Есенс го доби натпреварот со Асови Вардар со конечни 22-14. Најефикасни во редовите на Мулти Есенс беа Јован Петрески и Јаков Трајковски со по шест гола, додека кај Асови Вардар најефикасни беа Едис Османоски и Антонио Савевски исто така со по шест гола.
Еурофарм Пелистер 2 немаше проблеми на гостувањето кај Јуниор Кисела Вода, откако забележа висок триумф со 51-3. Најефиаксен во редовите на Еурофарм Пелистер 2 беше Дамјан Звездаковски со осум голa.
Во група Б, лидерот Еурофарм Пелистер продолжува со победите, откако на гостински терен триумфираше кај Младост Јуниори со 24-14. Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Реџаил Ќерим, Тео Спирковски, Андреј Ѓеоргиев и Стефан Лазаревски со по четири гола, додека кај Младост Јуниори најефикасен беше Христијан Антоновски со пет гола.
Алкалоид лесно се справи со тимот на Голден Арт Аеродром, откако победи со високи 39-9. Предводник кај Алкалоид беше Ѓорѓи Лешниковски со осум гола, додека кај Голден Арт по два погодоци имаа Мартин Ташуров и Лука Јакимовски.
Тиквеш го доби дерби натпреварот со Вардар Неготино, откако беше подобар со 29-11. Најефикасен во редовите на Тиквеш беше Мартин со шест гола, додека кај Вардар Неготино најефикасни беа Ристов и Јовановски со по три гола.
Во неизвесен натпревар Скопје успеа да го совлада Прилеп со 22-19. Најефикасен кај Скопје беше Тома Симоновски со 11 погодоци, додека кај Прилеп најефикасен беше Бобан Вренцоски со пет погодоци.
Во група В, лидерот Куманово забележа лесна победа против Радовиш со 20-9. Најефикасен кај Куманово беше Христијан Вујичевски со пет гола, додека кај Радовиш најефикасен беше Стефан Трајанов со три гола.
Екипата на Бисинов ги освои бодовите на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров, откако забележа победа со 26-23. Најдобри стрелци кај Бисинов беа Андреј Зафиров и Борјан Бељановски со по пет гола, додека кај екипата на Македонија Ѓорче Петров најдобар стрелец беше Никола Кузевски со девет гола.
Пролет триумфираше против Текстилец со 22-19. Најефикасен во редовите на Пролет беше Матеј Ѓеорѓиевски со седум гола, додека кај Текстилец најефикасни беа Андон Арсов и Андреј Костадинов со по пет гола.
Во рамноправен натпревар Астраион беше подобар од Бутел Скопје со минимални 18-17. Иако на полувреме беше нерешено со 9-9, сепак во второто полувреме се играше гол за гол, каде на крај Астраион го доби овој натпревар.
Најефикасен кај Астраион беше Дамјан Трпеновски, кој погоди во 40. минута за победа на својот тим. Трпеновски на овој натпревар имаше седум гола, додека кај Бутел Скопје најефикасен беше Максим Конески со осум гола. Аеродром славеше против КЛ7 Свети Николе со 21-12.
Пионери, 8. коло, резултати:
Група А
Охрид – Динг 30-16
Вардар – Струга 15-38
Мулти Есенс – Асови Вардар 22-14
Јуниор Кисела Вода – Еурофарм Пелистер 2 3-51
Голден Арт слоб.
Група Б
Скопје – Прилеп 22-19
Тиквеш – Вардар Неготино 29-11
Голден Арт Аеродром – Алкалоид 9-39
Младост Јуниори – Еурофарм Пелистер 14-24
Илинден Вардар слоб.
Група В
Куманово – Радовиш 20-9
Македонија Ѓорче Петров – Бисинов 23-26
Пролет – Текстилец 22-19
КЛ7 Свети Николе – Аеродром 12-21
Астраион – Бутел Скопје 18-17