Со гол во последната секунда од мечот Руне Дамке му донесе триумф на Кил на дуелот со Колштад, 26-25 (15-12) со што германски Кил пролетниот дел од сезоната во А групата на ЕХФ лигата на шампионите ќе го почне како лидер од првото место.
На две минути до крај на мечот Колштад водеше со 25-24, по што следуваа два гола по ред на домаќините. Прво на Дувњак кој на почетокот на 59 минута израмни на 25-25. Потоа Норвежаните не искористија напад, по што следуваше тајмауат на Кил, а Дамке го релизираше она што го замислија, за триумф на домаќините.
За разлика од првото полувреме каде Кил имаше водство, а на полувреме и „плус 3“, во 40 минута Колштад направи пресврт и го презеде водството. До самиот крај беше неизвесно, но Кил ја искористи шансата и победи.
Кил е прв на табелата со 15 бода, а после дуелот Алборг и ПСЖ ќе се знае дали Данците можат да се доближат до Кил, или ќе останат на 12 бода, колку што има и Киелце.
Никлас Екберг со 8 гола беше најпрецизен кај Кил, а кај Колштад по пет дадоа Сагосен, Лисе и Гудјонсон.
Во следното коло што е закажано за февруари, Кил гостува кај Килеце, а Колштад е гостин на ПИК Сегед.