Македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски, прикажува одлични партии во шампионатот на Чешка.
Екс ракометарот на Вардар и Еурофарм Пелистер оваа недела стигна до убав јубилеј во дресот на чешкиот суперлигаш.
Левиот бек моментално зад своето име има запишано 100 погодови за Брно и во шампионатот на Чешка е меѓу најдобрите 22 стрелци.
Кукуловски во рамки од Европскиот Куп, во кој неговиот тим во третото коло беше елиминиран од Вогошча, на шест одиграни натпревари постигна 22 погодоци.
Брно се наоѓа на 3. позиција во најквалитетното натпреварување во Чешка и на 14 одиграни натпревари оствари 10 победи.