Тимот на Деспина ја забележа третата победа во новата сезона од Женската лига, откако славеше на гости кај Шампион со убедливи….
Прилепчанки поведоа со 8-1 на стартот и уште тогаш ги решија сите дилеми околу победникот на овој натпревар.
До крајот на полувремето избраничките на Страшо Илиески стигнаа и до предност од 13 погодоци, 19-6.
Второто полувреме беше само формалност, па шанса за настап добија повеќе ракометарки од двете екипи.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ѓорѓиоска со седум и Камческа со шест гола, додека кај Шампион се истакна Филипова со шест погодоци..
Во следното коло Деспина ќе игра на домашен терен против Астибо, додека Шампион ќе гостува кај актуелниот шампион Ѓорче Петров.