Ракометарите на Преспа Вардар на свој терен немаа проблеми против „фенерџијата“ Борец и запишаа убедлив триумф од 28:17 во натпревар од 12. коло во Првата лига.
Преспа Вардар со новите освоени бодови останува во игра за пласман во плеј-оф фазата, додека Борец на ниту еден натпревар од досегашниот тек во сезоната не успеа да освои бод.
Гостите од Велес беа рамноправни само во воведниот дел, потоа домаќините започнаа од минута во минута да ја зголемуваат предноста и првото полувреме го завршија со девет гола разлика, 14:5.
Вториот дел беше повеќе формалност и гостите поради кратката клупа немаа многу опции на располагање.
Домаќините рутински ги одработија и вторите 30 минути, можеа да си дозволат и неколку грешки, со оглед на убедливата разлика, па така високиот пораз на гостинскиот тим беше неизбежен.
Најефикасен во победничката екипа беше Бојан Поповски, зад своето име запиша десет погодоци. Во поразениот табор со по четири погодоци се истакнаа Душан Крстевски и Дарко Личовски.