Миновска го расплака “својот” Вардар, Металург Автокоманда се вклучи во трка за титулата

Дербито од 10. коло во Женската лига меѓу екипите на Вардар и Металург Автокоманда заврши со победа на новакот од 25:24. Двете екипи одиграа различно во двете полувремина, но повеќе среќа во финишот имаа избраничките на Јулијана Дамчевска. Куриозитет на денешното дерби беа сите реализирани 13 седмерци на Вардар, сите ги изведе Ивона трпевска.

Металург Автокоманда со денешната победа се вклучи во трката за првото место, ја презеде втората позиција на табелата и на свое конто сега има 24 бода, додека Вардар останува на 22 бода.

Откако се играше гол за гол до 20 минута, гостинките од Автокоманда по нерешените 8:8 се одлепија на 10:8 и до крајот на првиот дел имаа резултатска предност, која се движеше од два, па до четири гола разлика, па така по 30 минути игра резултатот беше 14:11 во корист за гостинскиот табор.

Вториот дел донесе поголема неизвесност, бидејќи „црвено-црниот“ тим најпрво се врати во игра, потоа го презеде водството. По предноста на Металург од 17:16, домаќинките фатија приклучок и со серија од 4:0 направија пресврт победувајќи со 20:17 во 47 минута.

Металург Автокоманда не се предаваше, изрмани на 20:20 и до крајот само нијанси одлучуваа кој ќе ја добие битката. Во 55 минута црвен картон поради три исклучувања заработи Марија Гугуљанова, која до тој момент имаше четири погодоци зад своето име.

Иако Вардар водеше со 24:23, сепак гостинот израмни на 24:24 и во последните две минути одлучивачки за конечниот исход беше само еден напад. Металург Автокоманда во последната минута поведе со 25:24 со голот на Сара Миновска, домаќинките можеа до реми, но Радевска ја погоди само пречката, а тоа значеше и голема радост за Металург Автокоманда.

Најефикасна во победничката екипа беше Теодора Гулицоска со 10 погодоци, втор стрелец беше Мила Трајковиќ, која постигна пет погодоци и се снаоѓаше на сите позиции. Во таборот на Вардар прво име беше Ивона Трпевска со 13 постигнати погодоци, сите од пенал.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ23221067
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА231211037
7ПЕЛИСТЕР 2012231011231
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207
14ГЕВГЕЛИЈА2310223