Металари и Николовски ќе судат одлучувачки меч за место во ТОП 16 во Лигата на Европа

Исмаил Металари и Ненад Николовски добија уште една задача оваа сезона од Европската ракометна федерација.

Тие ќе го судат натпреварот меѓу шпанската Куенка и швајцарскиот Винтертур од последното коло од групната фаза во Лигата на Европа.

Овој натпревар е одлучувачки за место во ТОП 16 во второто по ранг европско клупско натпреварување, бидејќи Винтертур мора да слави, но истовремено и да чека пораз на Горење од шведскиот Савехоф.

Мечот меѓу Куенка и Винтертур се игра во вторник во „Пабељон Полидепортиво“ во Куенка со почеток во 20:45 часот.