Ракометарите на Келце во натпревар од 8. коло во Лигата на шампионите на свој терен го совладаа незгодниот Загреб со 28:24 (12:12) и со новите освоени бодови се вратија во игра за првата позиција на табелата во А групата. Загреб останува на претпоследното, седмо место, со седум бода на свое конто.
Овие две екипи се сретнаа и минатиот викенд, а тогаш големата драма во Загреб заврши без победник.
Хрватскиот шампион со фуриозниот старт од 7:2 уште еднаш им покажа на избраниците на Таланд Душебаев дека не признаваат никакви фаворити, барем на хартија. Загреб одигра одлично во првите петнаесетина минути, во кои прими само три, а постигна осум погодоци.
Мандиќ блескаше во првите дваесетина минути, за тој период зад своето има имаше запишано осум интервенции и беше најзаслужен што неговиот тим константно беше во резултатска предност. Келце полека фаќаше ритам и се враќаше во игра, па така полскиот гигант одигра на ниво во последните десет минути од првиот дел.
Иако Загреб на моменти имаше три до четири гола предност, сепак, по позитивата на „плинарите“ од 12:10, домаќините направија камбек и со погодоците на Душабев и Турна израмнија на 12:12.
И вторите 30 минути донесоа голема неизвесност на теренот и до 40 минута двете екипи наизменично се менуваа во водство. Резултатот на дваесетина минути пред крајот беше 16:16, додека пет минути подоцна, тимот на Душебав направи направи исчекор, поведе со 19:17.
Овие два гола разлика не му гарантираа никаков позитивен резултат на Келце, бидејќи Загреб постојано се закануваше. По предноста на Келце од 21:19, гостите од Загреб врзаа три гола во низа и го презедоа водството во 52. минута, поведоа со 22:21. Тоа беше последната предност на Загреб, кој во финишот целосно попушти, дозволи домаќинот да постигне неколку лесни погодоци, со кои се одлепи на 25:22, и тука веќе завршија сите надежи на хрватскиот тим.