ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Мирен понеделник со еден бундеслигашки дуел

На програмата во текот на денешниот ден се само неколку натпревари, еден од нив ќе се одигра во рамките од најсилната лига на светот.

Екипите на Вецлар и Гумерзбах ќе имаат своја пресметка со почеток од 19:00 часот.

Тимот на Вецлар, кој се бори за опстанок во Првата Бундес лига, ќе атакува на петти сезонски триумф.

Освен во Бундес лигата, денес ќе се игра и во машките шампионати во Русија, Данска и Шведска.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:30 САРАТОВ – КАУСТИК (РУСИЈА)

17:00 КРАСНОДАР – ДИНАМО (РУСИЈА)

18:30 ЕСБЈЕРГ – ГОГ (ДАНСКА)

19:00 АРАНАС – АМО (ШВЕДСКА)

19:00 ВЕЦЛАР – ГУМЕРЗБАХ (БУНДЕС)

19:30 ЛИНГЕН – ПОТСДАМ (БУНДЕС 2)