Тимот на Спартак ја забележа четвртата победа во оваа сезона во Женската лига, откако убедливо славеше против Шампион со 43-19.
Марија Петковска со 13 гола и Мила Мемов со десет погодоци, беа лидерите на Спартак во лесниот триумф.
Домаќинките отворија со водство од 9-0 и уште тогаш беше јасно која екипа ќе победи на овој натпревар.
До паузата Спартак направи огромна разлика, 24-7, а второто полувреме беше само формалност, па сите ракометарки добија шанса за настап.
Покрај Петковска и Мемов, седум гола за Спартак даде Ангеловска, додека кај Шампион, по три гола имаа Трпкова, Мурџеска, Куч и Филипова.