Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од осмата рунда во Лигата на шампионите.
Судиите на мечот меѓу македонскиот првак Еурофарм Пелистер и унгарскиот вицешампион ПИК Сегед доаѓаат од Франција.
Станува збор за браќата Карим Гасми и Рауф Гасми, додека делегат ќе биде Алин Сергиу Чирлигеану од Романија.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед се игра на 22 ноември од 18:45 во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.
Битолчани се уште немаат ниту една победа во елитното натпреварување, додека ПИК Сегед е шести на табелата со седум бода.