Киелце можеше да се врати во Полска со „цел плен“, но во последните секунди не реализираа напад за триумф на гостувањето во Загреб. Дуелот заврши со реми, 22-22 (11-10) по што Киелце останува пред Загреб на табелата, и веројатно на истито место – петтото во А групшата.
Последните минути беа повеќе од драматични. Загреб прокоцка два гола предност, и од 22-20 стигна до тоа да стрепи дури и за бод. Во последната минута имаа напад, на 13 секунди до крај после тајмаутот промаши Дилан Дахи.
Загреб во второто полувреме имаше шанса да отиде на „плус 3“ во 49 минута, но при резултат 19-17 Кларица не реализираше напад, па следуваше казна од Олејничак кој намали на 19-18.
„Држеше“ до својата игра Загреб и понатаму, па остана водството од два гола, 21-19, а на гол на гостите, веднаш домашните возвратија со погодок на Срна за да зголеми на 22-20, на 4,5 минути до крај на мечот.
На двата не реализирани напади при водство од два гола, гостите од Полска брзо казнија, па на 90 секунди до крај имаа напад за израмнување. Тоа го направија преку пивотменот Николас Турна и во последната минута влегоа израмнети.
Хрватскиот првак имаше одличен почеток на средбата поведувајќи со 7-3. Потоа при водство 9-6 не реализираа напад, па Киелце намали на 9-7, а потоа стигна и зрамнувањето, 10-10. До крајот на првото полувреме загребчани погодина за минимално водство, 11-10. Голманот Матеј Мандиќ беше одличен со 15 одбранети топки во тој период, наспротив деветте на Андреј Волф.