Тимот на Прилеп во рамки од 11. коло од Супер лигата ќе гостува во Скопје кај поранешниот шампион Вардар.
Избраниците на Божидар Мојсов ќе имаат желба да се прикажат во што подобро светло пред наредните дуели со Мулти Есенс и Голден Арт.
Голманот на Прилеп, Иван Ангелески, очекува со својот тим против „црвено-црните“ да одиграт според договореното и да остават добар впечаток.
,,Утре играме против тимот на Вардар, кој е двократен европски шампион и очекувам да се претставиме во подобро светло и да се обидеме на парираме, да бидеме повеќе поконкурентни во текот на целиот натпревар и да покажеме дека сме добар тим. Иако имаме неколку порази во серија, сепак, атмосферата во тимот е одлична. Напорно тренираме за да ги поправиме недостатоците кои ги имавме на претходните дуели и да го подобриме бодовното салдо на табелата. Како што е познато, до крајот од регуларниот дел од сезоната остануваат уште четири кола и ќе се обидеме на дел од нив да оствариме позитивен резултат”, изјави Ангелески.
Натпреварот меѓу Вардар и Прилеп ќе се одигра утре, со почеток од 18:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.