Српскиот репрезентативец Милан Милиќ нема да настапи на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија.
Десниот бек, кој во својата кариера настапуваше и за екипата на Нант, на вчерашниот дуел против Ла Риоха заработи тешка повреда.
При обидот за реализација на цепелин во нападот на Војводина, 25-годишниот ракометар скокна, ја фати топката, шутна, а потоа остана да лежи на подот.
По повредата на Милиќ, натпреварот беше во прекин одреден временски период, а десниот бек беше изнесен на носилки.
Милиќ има тешка повреда на коленото и веројатно нема да биде во комбинација за настап на континенталниот собир во јануари.
Веќе подолго време е повреден новиот играч на Војводина и екс ракометар на Вардар, Металург и Охрид, Стефан Додиќ, додека членот на Вецлар, Јовица Николиќ, кој исто така имаше повреда на коленото, нема да настапи на Европското првенство.