Македонската голманка Бисера Паскал во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата, но ќе остане во истата конкуренција.
Таа потпиша договор со Макаби Аразим Рамат Ган и ќе брани за тимот што лани во Европскиот Куп ги елиминираше Куманово и Чаир.
Макаби Аразим Рамат Ган и сезонава беше дел од Европскиот Куп, но службено беше елиминиран поради актуелната ситуација во Израел.
Паскал веќе настапуваше во Израел, за екипата на Бнеи Херцлија и нема да има проблеми со адаптацијата.
Во Македонија ги бранеше боите на Металург и Куманово, а на меѓународна сцена беше дел од шпанскиот Тенерифе и хрватска Пула.