Тимот на Бисинов ја забележа седмата победа во седмиот натпревар во прволигашката конкуренција, откако славеше кај Кичево со 31-22.
Велешкиот тим рутински го одработи овој натпревар и го реши победникот уште по првиот дел, кога водеше со 21-14.
Предводник на Бисинов беше искусниот среден бек Ивица Илиев, кој постигна дури 12 погодоци, а по четири гола дадоа Атанасовски, Иванов и Силјанов.
Во домашниот тим се истакнаа Бојан Стојкоски со пет, како и Нацев и Велјановски со по четири погодоци. Вреди да се одбележи и дебито на двајца 14-годишници во домашниот тим – Андреј Митаноски и Јован Тренески.
Бисинов има седум од седум и 21 бод на првото место од групата Б, додека Радовиш има исто толку, но и меч повеќе.