Денеска во Даман, Саудиска Арабија ќе стартува Супер Глоуб, неофицијалното светско клупско првенство, на кој ќе играат 12 екипи.
Актуелен бранител на титулата е екипата на Магдебург, која две години по ред го освојува првото место.
Од Европа учесници на неофицијалното светско клупско првенство освен Магдебург ќе бидат и екипите на Келце, Барселона и Фуксе Берлин.
Група А: Ал Ахли (Египет), Ал Нур (Саудиска Арабија), Барселона (Шпанија)
Група Б: Кувајт Спорт Клуб (Кувајт), Сан Фернандо (Аргентина), Фуксе Берлин (Германија)
Група Ц: Магдебург (Германија), Ал Калеј (Саудиска Арабија), Универзитет Квинсленд (Австралија)
Група Д: Келце (Полска), Ал Наџма (Бахраин), Сан Франциско (САД)
Четирите првопласирани екипи во групите ќе играат во полуфиналето на турнирот, вторпласираните ќе разигруваат од 5 до 8 место, додека третопласираните ќе играат за пласман од 9 до 12 место.
Сите европски екипи се фаворити за освојување на титулата, но исто така не треба да се потценат ниту Ал Ахли и домаќинот Ал Нур.