Ризоска: Сега сме прво место и мислам дека така ќе остане до крај

Екипата на Ѓорче Петров направи сериозен чекор кон одбраната на титулата откако во дербито на седмото коло го „преслуша“ Чаир, победувајќи го со 45-29 (21-9).

Бранителот на титулата на погонот на крилните играчи имаше целосна доминација во текот на сите 60 минути.

Репрезентативката на Македонија, Емилијана Ризоска, повторно одигра одлична партија и во мрежата на гостинските постигна десет погодоци.

Битолчанката ги сподели импресиите по денешната победа и истакна дека тимот на Чаир бил целосно анализиран.

,,Најпрво мислам дека за овој натпревар беше пресудно екипата која што беше помотивирана, ние дадовме се од себе, се изработи тоа што беше испланирано, добро го анализиравме противникот, одговоривме добро на поставените задачи, тактиката се изработи онака како што беше, уште од првата минута доминиравме на теренот, имавме подобра реализација, подобра одбрана и брз пренос на топка”, изјави Ризоска.

18-годишната ракометарка смета дека Ѓорче Петров нема да има многу проблеми за д аја одбрани титулата

,,Искрено, ми е многу тешко да настапувам на неприродна позиција, сакам да помогнам на сите позиции, но мислам дека мојата природна позиција е среден бек, позиција за која ќе се трудам и работам за да играм во иднина. Мислам дека денешната победа ни значи многу, сега сме прво место на табелата и мислам дека така ќе остане до крај, би го избориле првото место без изгубен бод. Сите од нас разговаравме дека Чаир не треба да се потцени, знаевме дека не очекува тежок дуел, добра екипа е Чаир, но сите бевме мотивирани, најбитно ни беше да изиграме како што бевме договорени, а резултатот сам ќе си дојде по себе”, заврши Ризоска.

Следен предизвик за избраничките на Симе Симовски е дуелот против екипата на Скопје.

 

Ѓорче Петров покажа моќ и доминација – сега го „преслуша“ Чаир