Легендарниот ракометар од Исланд, десниот бек Александар Петерсон, кој на почетокот на новата сезона се врати во својата татковина и потпиша за Валур, краток период ќе помине на Блискиот Исток.
Искусниот ракометар, кој има 43 години, ќе биде на позајмица во екипата на Ал Араби од Катар.
Ал Араби ќе се натпреварува во Купот на азискиот шампионат, па така од екс репрезентативецот на Исланд се очекува со своето големо искуство да биде од голема помош за амбициозниот тим.
Петерсон во 2022 најави крај на својата богата кариера, потоа по една година се премисли и реши по пауза од 20 години повторно да заигра во исландскиот шампионат.
Во својата кариера го носеше дресот и на Грота, Рајн Некар Левен, Фленсбург, Фуксе Берлин, Гросшвалтат и Мелсунген.
За репрезентацијата на Исланд играше 16 години, на 186 меча даде 725 погодоци, а освои сребро на ОИ 2008 година и бронза на ЕП 2010 година.