Денеска на ракометната програма нема да има многу дуели и поради ЕХФ неделата ќе се игра само во неколку шампионати низ Европа.
Дел од репрезентациите, кои ќе учествуваат на Европското првенство 2024 во Германија, денес ќе ги имаат првите контролни средби.
Репрезентацијата на Македонија во Солун ќе одигра два пријателски дуели со нашиот јужен сосед.
Првиот дуел е закажан за денес со почеток од 17:30 часот, вториот ќе се одигра еден ден подоцна, односно на 5 ноември во истиот термин.
Фарски Острови ќе тестираат против Исланд, додека Швајцарија со Португалија. Домаќинот на континенталниот собир 2024 првиот тест ќе го има со репрезентацијата на Египет.
Репрезентацијата на Австрија, која на ЕП е во група со Хрватска, Романија и Шпанија, ќе одигра пријателски меч со Тунис.
Македонската репрезентативка Сара Ристовска заедно со екипата на ЦСКА Москва во рамки од 11. коло од рускиот шампионат ќе се соочат со Ростов Дон.
Двете екипи имаат по 18 бода на табелата и победникот на денешниот дуел ќе направи чекор плус, односно ќе го зголеми бодовното салдо и ќе остане на лидерската позиција.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
15:30 ШВАЈЦАРИЈА – ПОРТУГАЛИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
16:30 ДИНАМО – ЛУЧ (РУСИЈА)
17:00 РОСТОВ – ЦСКА (РУСИЈА)
17:30 МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
18:00 АВСТРИЈА – ТУНИС (ПРИЈАТЕЛСКИ)
18:30 ГЕРМАНИЈА – ЕГИПЕТ (ПРИЈАТЕЛСКИ)
19:00 МЕДИЦИНАР – ЦРВЕНА ЅВЕЗДА (СРБИЈА)
19:00 КОКА – ЗРИНСКИ (ХРВАТСКА)
20:30 ИСЛАНД – ФАРСКИ ОСТРОВИ (ПРИЈАТЕЛСКИ)