Турција ја скокна првата пречка за СП, Доне и Пеливан ја средија Италија

Селекцијата на Турција е многу блиску да ги мине претквалификациите за пласман на Светското првенство во 2025 година.

Турците на домашен терен во првиот натпревар од двомечот со Италија беа повеќе од убедливи и славеа со 37-28.

Иако по првиот дел беше само плус два за домашните, 15-13, сепак во вториот дел комплетно беа надиграни Италијанците.

Главни ракометари во турската селекција беа Дорук Пеливан и Рамазан Доне со по десет погодоци, кои што беа нерешлива загатка за Италија.

Во поразениот состав најдобар стрелец беше Андреа Парисини со седум гола. Реваншот се игра на 5 ноември, но негативата за Италија ќе биде тешко достижна.

Денеска се играат останатите натпревари од претквалификациите, Словачка – Косово, Летонија – Естонија и Велика Британија – Финска, додека одложен е двомечот меѓу Луксембург и Израел.