Десниот бек на Охрид, Деан Шешиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 8 коло од Супер лигата.
Босанскиот интернационалец беше меѓу најдобрите поединци и постигна шест погодоци на дуелот против Струга.
На езерското дерби, Охрид славеше убедливо со 30-20 и освои важни бодови во битката за плеј-офот.
Десниот бек освои 64% од гласовите, а прв конкурент му беше десното крило на Аеродром, Наум Костов, кој имаше околу 32% од гласовите.
Во трка за МВП на 8. коло беа уште Калифа Гедбан, Мирко Мајиќ, Петре Пеовски, Димитар Ѓеоргиевски и Христијан Милошески.