Чаир убедлив против Деспина, го презеде врвот кај дамите

Ракометарките на Чаир во натпревар од 6. коло од Женската лига на свој терен триумфираа против Деспина со 40:22 и со новите освоени бода за момент ја презеде лидерската позиција во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија.

Победникот на овој дуел беше познат уште во првото полувреме, во кој домашниот состав постигна 21 гол, а прими само девет.

Прилепчанки успеаја да бидат рамноправни само во воведниот дел и поради кратката клупа немаа многу сили за надигрување.

Вториот дел беше само формалност и шанса за останатите ракометарки од клупата на двата табора да ги покажат своите квалитети.

Најефикасни во победничката екипа со по седум погодоци беа Леонора Рахмани и Биљана Дамчевска.

Во составот на Деспина прво име беше Магдалена Ѓорѓиоска со пет погодоци, еден помалку постигна искусната Мери Гичева.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080