ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Продолжуваат возбудувањата во европската елита

Денес ќе продолжат натпреварите од 6. коло во Лигата на шампионите и на денешната програма ќе има вкупно пет дуели од европската елита.

Како што е познато, македонскиот шампион Еурофарм Пелистер вчера беше поразен од европскиот вицепрвак Келце со 24:21.

Во групата А, во која се наоѓа и битолскиот тим, денес играат уште ПИК Сегед со Загреб и најбогатиот европски клуб, ПСЖ, со тимот на Кил.

Свој настап ќе има и репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски, кој со екипата на Вецлар ќе се соочат со Ерланген

Освен во Европа ќе се игра и во Македонија, односно во Првата лига, во која Бисинов од Велес и Партизан Гевгелија ќе го отворат новото, 6. коло кај прволигашите.

Амбициозниот тим од Велес е фаворит во дуелот со клубот од Гевгелија и се очекува да ја продолжи победничката низа.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:30 ИЗМИР – БУРСА (ТУРЦИЈА)

18:00 ТАЛИН – ПОЛВА СЕРВИТИ (ЕСТОНИЈА)

18:30 ПАНЧЕВО – ПАРТИЗАН (СРБИЈА)

18:45 ПИК СЕГЕД – ЗАГРЕБ (ЛШ)

19:00 ЛЕМГО – ШТУТГАРТ (БУНДЕС)

19:00 ВЕЦЛАР – ЕРЛАНГЕН (БУНДЕС)

19:30 БИСИНОВ – ПАРТИЗАН (МАКЕДОНИЈА)

20:00 ТУЛУЗ – СЕНТ РАФАЕЛ (ФРАНЦИЈА)

20:45 БАРСЕЛОНА – ВЕСПРЕМ (ЛШ)

20:45 ПОРТО – ГОГ (ЛШ)

20:45 ПСЖ – КИЛ (ЛШ)

20:45 ВИСЛА – ЦЕЛЈЕ (ЛШ)